Breaking News

Во изминатото деноноќие произведени 18.203 мегават часови електрична енергија


АД ЕСМ вчера произведe 18.203 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.


При тоа, како што информираат од Владата, во термоелектраните се произведени 15.118, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.085 мегават часови електрична енергија.вј/дма/


Фото: Влада

Скопје, 6 март 2023 (МИА)