Breaking News

Во јануари целата потрошена струја од домашно производство


Земјава во јануари годинава вкупно потрошила 709.217 мегават часови електрична енергија, 33,294 милиони нормални кубни метри природен гас, 564.355 тони јаглен и 105.213 тони нафтени продукти.


Според податоците на Државниот завод за статистика, целата потрошена електрична енергија е обезбедена од домашни извори, а 99,8 отсто од потрошениот јаглен е употребен за производство на струја. вј/сп/


Фото: МИА архива

Скопје, 24 март 2023 (МИА)