Во јули 284 нови 747 станови


Во јули годинава се издадени 284 одобренија за градење, што е на исто ниво во споредба со јули минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број од издадените одобренија за градење се во Југоисточниот и во Полошкиот регион, 61, односно 60, по што следи Скопскиот со 45, а со најмал број се Југозападниот и Источниот.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.053.143.000 денари, што е за 6,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 166 (58,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11,6 проценти) од нискоградба и 85 (29,9 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 284 објекти, на 164 (57,8 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 120 (42,2 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 747 станови со вкупна корисна површина од 59.303 метри квадратни.

Најмногу станови, 222, ќе се градат во скопскиот регион, од кои најголемит број 143 се во Општина Аеродором, следи Југозападниот регион со 137 и Североиточниот со 126, Југписточниот со 104. Во пелагонискиот регион, пак, се предвидени најмални станови, односно 15.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Кој е Компанијата Мајкрософт (Microsoft) е на четврто место по висината на донации за кампањата на демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден

Компанијата Мајкрософт (Microsoft) е на четврто место по висината на донации за кампањата на демократскиот …