Во Канада се затвораат ноќните клубови поради коронавирусот


Отава, 9 септември 2020 (МИА) – Поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирусот, властите на Британска Колумбија во Канада наредија затворање на сите ноќни клубови, додека во Онтарио се одложи олеснувањето на преостанатите рестриктивни мерки воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19.

До зголемување на бројот на нови случаи дојде откако учениците тргнаа во училиштата кои беа затворени повеќе од пет месеци.

Во последните 24 часа, бројот на нови случаи во оваа канадска покраина се зголеми за 1.606, што го зголеми вкупниот број на 133.748.

Досега од Ковид-19 починале 9.153 лица.

– Оваа недела е навистина многу критична. Ова е многу загрижувачко, бидејќи кога ќе се појави зараза во училиште, тоа е само одраз на она што се случува во заедницата, изјави шефицата на Канадската служба за јавно здравје, Тереза Там. ј


Видете следно

Бајден побара проценка за заканата од насилен екстремизам во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, побара од безбедносните и разузнавачките служби да ја испитаат заканата …