Во Кисела Вода се одржа дискусија „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“


Денеска во Општина Кисела Вода се одржа панел дискусија „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата”.

Претставници од Општина Кисела Вода, Министерството за труд и социјална политика и Волонтерски центар – Скопје дискутираа за волонтерство, за младинско учество и младински политики, беше презентиран и Законот за волонтерство.

Присутните имаа можност да разменат мислења, да слушнат колку проценти од младата популација сака да волонтира, колку од неа се вклучени во волонтерските активности и колку се запознаени за истите. Детално беше објаснето што значи волонтирањето, а се зборуваше и за волонтерските активности што ги нудат организациите.

Кампањата на Волонтерскиот центар – Скопје кој е регионална канцеларија на коалицијата СЕГА повикува: „Волонтирај за доброто на твојата заедница! Инспирирај ги младите околу тебе!” Истата има за цел да влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.


Видете следно

Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

„Полициската професија, без оглед за кој нејзин сегмент станува збор, е специфична и пред сè, …