Во Кратово избран нов претседател на СПМ: Кој е Љупчо Димовски?!


Пратеникот Љупчо Димовски е избран за претседател на Социјалистичката партија на Македонија на деветтиот конгресот на партијата што се одржа вчера во Кратово.

СПМ претходно ја предводеше Љубисав Иванов Ѕинго кој почина неодамна.

Димовски досега ја вршеше функцијата генерален секретар на СПМ, а пред пратеничката функција, беше на повеќе позиции, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и заменик министер за транспорт и генерален директор на ЈП „Паркови зеленило”-Скопје.

Љупчо Димовски е роден на 9 април 1959 во Велес и тој е македонски политичар, генерален секретар на СПМ и министер за земјоделство во периодот 2009–2014.[1] Димовски дипломирал на економскиот факултет во Скопје.

На 1 февруари 2019 година бил приведен во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање државно земјоделско земјиште, заедно со Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, Кристијан Делев.

Димовски имал повеќе активности во Собранието и тоа:

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, претседател
Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
Комисија за економски прашања, член
Комисија за надворешна политика, заменик-член
Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), заменик-член
Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член
Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, член
Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член

Скопје, 16 јануари 2021 (МИА)


Видете следно

295 санкции за брзо возење на патот Скопје-Охрид, продолжуваат засилените контроли (видео)

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум, …