Во Крива Паканка се реализираше настан со тема ,,Работи и заработувај од дома“


Во општина Крива Паланка се реализираше настан на тема „Работи и заработувај од дома”, на кој беа презентирани можности на креативни професии и можности за работа од дома, “Upwork”- платформата и алатките за креативни софтвери” Photoshop” и “Illustrator”.

На овој настан учествувааголем број на средночколци, невработени лица, како и вработени во ИТ секторот, кои имаа можност да проследат презентација за атрактивноста на креативните професии од Ангелина Канчевска, раководител на авторизиран тренинг центар и Семос академија и презентација за дизајн и креативни алатки и Upwork- платформата за што говореше Бобан Крстев, сертифициран Addobe инструктор.

Овој отворен ден, што општина Крива Паланка го организираше, е само почеток во серијата настани за можностите за заработка од дома, кои одблиску ќе им бидат презентирани на младите, а што ќе се се реализираат во струка, која ќе им овозможи да се изразат креативно и притоа да останат во средината во која живеат.

За Семос едукација ова е прва ваква соработка со општина Крива Паланка и Фондацијата “Со срце за Крива Паланка”со која се отворија можности за идна соработка со цел, развој и унапрњедување на условите за подобар шивот на младите генерации, отварање на нови перспективи за развој на заедницата и создавање иднини генерации млади луѓе, кои ќе сакаат својот потенцијал и креативност да го реализираат во родниот крај.


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …