Breaking News

Во Куманово се одржа фестивалот „Распеано детство“


Фестивалот на детска песна „Распеано детство“ се одржа во Младинскиот културен центар во Куманово, во организација на здружението „Етно ризница“. – Пред преполната сала настапија 18 дечиња.


Фестивалот традиционално имаше меѓународен карактер, оваа година настапија дечиња од Србија – Бујановац и Крушевац и од Ќустендил – Бугарија.


Се пееше на македонски, српски, албански и бугарски јазик, изјави, директорот на фестивалот Драган Митевски. Фестивалот се одржа по повод Меѓународниот ден на детето кој се слави на почетокот на јуни.

Првпат фестивалот се одржал во средината на седумдесетите години од минатиот век. ам/бак/Фото: „Етно ризница“ .


Извор: МИА