Во Македонија за првпат се организираат еднодневни гастрономски тури


Во изминатиот период на фејсбук се создаде група именувана како „Туризам во Македонија“. Групата за само месец дена собра преку 21.000 членови. Администраторот и основач на групата Ѓорѓе Камов, вели дека нивната идеја за промоција на домашниот туризам нема да застане само на фејсбук група. Тој преку туристичкиот сервер „Кајак.мк” започна да организира еднодневни гастрономски тури, кои како што вели тој се според барањата на членовите во групата.

Како лиценциран водич во концултација со членовите и своите колеги се објавија првите две гастрономски тури. А под гастроносми тури тој подразбира патување преку кое патниците ќе може да се запознаат со традиционалната локална храна, да научат како се подготвува, но и да ја дегустираат. За него ваквите тури се комбинација од историја, традиција и храна.

„Во моментот имаме две активни понуди. Едната ќе се реализира на 3-ти авугст со еднодневно капење во Струга и посета на Вевчани каде ќе имаме можност да дегустираме многу вкусни традиционални специјалитети, вели Камов.

За ова тура имаме слободни уште околу десет места, а сите коишто се заинтересирани може слободно да не контактираат на www.kajak.mk каде што ги објавуваме понудите. Во Вевчани групата ќе има можност да дегустира специјалитети како Кашаник (домашна пита), Комат (домашна пита со сирење), Золеник (домашна пита со пченкарно брашно и праз), домашно бело овчо сирење, селска манџа со праз, вевчанска тава со зеленчук, вевчански гулаш, домашен луканец, домашно лепче и крем кадаиф.

Исто така, се организира тура и на Лесновски манастир. Турата ќе се реализира на петти август. И ова тура има вклучено дегустација на локална традиционална храна. Камов вели дека овие тури се организираат според протоколите на надлежните. Се изнамува автобус кој ќе биде со преполовен број на патници. Според тоа цените на понудите се за ниво поскапи, но тоа дава до знаење дека турата ќе биде со помал број патници, а безбедноста на ниво.


Видете следно

Црвенковски го замрзна членството во СДСМ, повика итно да се свика ЦО на партијата

Јавно обраќање на поранешниот Претседател на РМ и основачот и долгогодишен Претседател на СДСМ Бранкo …