Во печката на ФЕНИ Индустри уништено неупотребливото и оштетеното оружје


Во ФЕНИ Индустри, Министерството за внатрешни работи, денеска спроведе акција за уништување на неупотребливо, оштетено и старо оружје што единиците на МВР веќе не го користат. Во процесот каде што се произведува фероникелот беа ставени вкупно 590 парчиња оружје. Акцијата МВР ја спроведува по повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје.

„Ние ги спроведовме сите процедури кои значат формирање на комисија за целосна проценка на количината оружје што се неупотребливи и целосно оштетени, 590 парчиња оружје пушки, пиштоли, полуавтоматски пушти, автоматски и воздушни, коишто биле користени во разни единици на Министерство за внатрешни работи, а сега не се веќе во употреба, трајно се уништуваат. Донесена е одлука да се спроведе оваа постапка во Фени Индустри, затоа што во моментов само ФЕНИ има функционална печка, за да се спроведе оваа акција. Очекувам во следниот период да имаме силна фабрика, задоволни работници и град кој ќе биде успешен благодарение на работата на ФЕНИ Индустри“, изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тимот на Стечајниот управник, заедно со инвеститорот ЕуроНикел, излегоа пресрет потребите на Министерството за внатрешни работи и ги отстапи своите човечки и индустриски капацитети, со цел уништување на оружјето и со тоа се наметна како општествено корисен фактор за потребите на општата јавност и државните органи.

„Тоа што ФЕНИ Индустри работи и е оперативен, претставува корисен фактор дури и во сегментот на општествената одговорност што се потврдува и со денешното уништување на оружјето во единствената печка што е функционална во регионот, односно печката на ФЕНИ Индустри. Секогаш кога можеме и кога е потребно, компанијата ќе работи заедно со институциите на системот и ќе придонесува за создавање подобри услови и состојби во секој сегмент. ФЕНИ Индустри работи, произведува и постигнува нови завидни резултати и во периодов додека стечајната постапка е во финална фаза“, изјави Ѓерасим Кујунџиев, Директор на ЕуроНикел.


Видете следно

ССК: Јакнење на економската дипломатија со квалитетни кадровски решенија

Владеење на правото и борба против корупцијата, зајакнување на економската дипломатија, демонстрирање проактивно лидерство, како …