Во поголемиот дел од Нов Зеланд укинати рестриктивните мерки


Велингтон, 21 септември 2020 (МИА) – Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска ги укина сите антиепидемиски мерки што беа во сила во земјата поради Ковид-19, со исклучок на градот Оукланд, кој е жариште на вториот бран на епидемијата, каде беа укинати само некои ограничувања.

Денеска во Нов Зеланд не се евидентирани нови случаи на зараза, така што вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 е 1.464, а бројот на смртни случаи од болеста е 25.

Пред неколку месеци се чинеше дека во Нов Зеланд е запрена локална трансмисија на Ковид-19, но вирусот повторно се појави во Оукланд во август, па властите мораа повторно да воведат карантин во тој град.

Нов Зеланд има пет милиони жители, а во Оукланд, најголемиот град во земјата, од денеска ќе бидат можни собири во групи до сто луѓе.


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 41.272.150 лица. Од последици …