epa09556464 Turkish President Recep Tayyip Erdogan during a press conference at the G20 Summit in Rome, Italy, 31 October 2021. The Group of Twenty (G20) Heads of State and Government Summit was held in Rome on 30 and 31 October 2021. EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Во пресрет на самитот на НАТО, Ердоган со лидерите на Шведска и Финска


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе присуствува на состанокот со лидерите на Шведска и Финска во вторник, пред самитот на НАТО во Мадрид, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Украина, но нивните кандидатури се соочуваат со противење од Анкара поради, како што се наведува, поддршката за курдските милитанти и ембаргото за оружје на Турција.


Во интервју за истанбулскиот весник „Хабер Турк”, Калин рече дека тој и заменик министерот за надворешни работи Седат Онал ќе присуствуваат на утрешните разговори со шведската и финската делегација во Брисел.

Портпаролот на турскиот претседател предупреди дека присуството на Ердоган во преговорите со Шведска, Финска и НАТО „не значи дека Турција ќе отстапи од својата позиција”. паг/



Видете следно

Атина полна со туристи – Акропол дневно го посетуваат над 16.000 туристи (фото)

Ограничувањата и правилата за патување во изминатите две години и првото целосно „слободно” лето по …