Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција


Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под раководство на в.д. директорот Стојанче Ангелов, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше реализиран работен состанок на тема „Комуникација, координација и соработка со субјектите од системот за управување со кризи во делот на превенцијата, раното предупредување како и справувањето со пожарите на отворен простор за 2021″.

На работниот состанок, покрај вд директорот на ЦУК, Ангелов, присуствуваа претставници на дел од институциите коишто имаат надлежност во справување со пожари: командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, претставници на МВР/БЈБ – Единица за подготовка и постапување со сложени безбедносни и кризни состојби, Дирекцијата за заштита и спасување и директорот на ЈП „Национални шуми”.


При работната дискусија беше потенцирана потребата од итно и навремено известување, комуникација и координација како важен сегмент во фазата на рано предупредување и превенција од пожари во Систекот за управување со кризи (СУК). Навремената реакција и справување со појавен пожар во голема мера ќе ја намали потребата од интервенција со поголеми сили и средства, ако известувањето биде навремено, точно и прецизно и локализирањето ќе биде извршено пред проширување на пожарот со вклучување на помал број човечки и материјално – технички ресурси.

На состанокот беа елаборирани и сите проблеми и недостатоци со коишто субјектите во СУК досега се соочуваат при појавата и справувањето со пожарите на отворен простор, а за кои се уште не е изнајдено соодветно решение, со цел истите да се надминат во најбрз можен рок.


Видете следно

Министерката Шахпаска на Вин-Вин: Намалувањето на времетраењето на договорите на определено време е дел од промените со новиот системски закон за работни односи

„Законското решение во делот на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври …