Во Прилеп ќе се одржи фестивал на убавината „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“


На 28 мај во Домот на културата во Прилеп ќе се одржи Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022. Фестивалот во ваков формат се одржува за прв пат во Македонија, меѓутоа е продолжение на досега направени два фестивали од ваков вид во Прилеп, но сега ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво од меѓународен карактер.

Организатор на фестивалот е Здружение за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп. Директор на фестивалот е Крешимир Крешо Здравески, кој е воедно и креатор и реализатор како на претходните, така и на овој фестивал. На вчерашната пресконференција организаторите на Open beauty Hair Fest посочија дека фестивалот ќе се состои од:


– Саем со штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, опрема и алати, како од земјата така и од Италија, Србија, Хрватска и Албанија.

– Детско фризерско шоу кое ќе се случува за прв пат во градот под Марковите кули, а ќе се состои токму со програма наменета за деца. Децата и нивните родители ќе се запознаат со нега на детска кожа, коса, витамини и минерали, препарати корисни за децата во време на лето, постковид состојба… и сето тоа претставено со сценски настапи, кловнови, магионичари, маскоти со омилените детски ликови, принцови и принцези..


– Сценски шоу настапи на еминентни фризерски имиња од Македонија и како специјални гости ни доаѓаат два тима од Србија, европски и светски носители на награди и едукатори во областа на фризерството

– Забава, на која ќе се дружиме и дополнително ќе ја збогатуваме меѓусебната соработка, ќе го развиваме занаетот…
Учество ќе земат Денс студио Њу џенерејшен, Детскиот хор “Весели ѕвончиња“, маскоти, аниматори како и едукативна презентација од стручно лице, претставник на Зегин, кој е воедно и еден од покровителите на фестивалот, кој ќе ги едуцира дечињата преку интересна интеракција и анимација за нега и грижа за детското здравје. Исто така децата ќе видат нови модни трендови на коса и прекрасни детски фризури, за што ќе има професионален сценски настап со деца модели.
Од 12.30ч. започнува делот со настапи на тимови од: СОУ Ѓ. Петров насока фризери и козметичари, Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија. Прилеп, уште еднаш докажува дека е град лидер во одржување и унапредување на занаетчиство.


Бидете дел од овој настан кој трае од 11.00 до 18.00 час на 28.05.2022 година ова сабота во Прилеп, ЦК „Марко Цепенков“.

Билетите се во продажба на билетарата на ЦК „Марко Цепенков“


Видете следно

Потпишување на договор за новата инвестиција „e.GO” во ТИРЗ – Тетово

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција …