Во првите пет месеци од годинава извезени стоки во вредност од 3,356 милијарди евра


Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – мај годинава изнесува 3 356 208 000 евра и бележи пораст од 18,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, пак, изнесува 4 973 195 000 евра, што е за 29,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај годинава изнесува 1 616 988 000 евра.


Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите пет месеци од годинава најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија. лв/дма/

Скопје, 6 јули 2022 (МИА)



Видете следно

Бесими: Со новиот Закон за буџети, буџетирањето ќе биде среднорочно и врз основа на резултати

Буџетирањето ќе се врши според резултатите и мерењето на нивната успешност преку индикатори (Key Performance …