Во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” на Општина Центар, УНДП и Швајцарска Развојна Агенција


Во среда, 12.06.2019, во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“, со почеток во 18:00 часот, Општина Центар го организира првиот „Проектен граѓански форум“, настан од отворен карактер на кој можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, жители на општината.

Форумот е дел од активностите кои се реализираат во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” кој Општина Центар го реализира со поддршка на УНДП и Швајцарска Развојна Агенција, а до крајот на проектот ќе бидат одржани уште четири отворени форуми со граѓани.

Темата на отворениот граѓански форум е Социјална инклузија, а истиот има за цел вклучување на граѓаните во процесот на креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во заедницата иразвој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните.

Инаку, проектот “Зајакнување на општинските совети” е финансиран со грант од УНДП и Швајцарската Развојна Агенција и истиот се состои од: циклус од 11 модуларни обуки наменети за општинските советници, мал грант за подобрување на транспарентноста на советот и општината во вредност од 12.000 швајцарски франци, спроведување на 5 форумски сесии и доделување на условен грант во вредност од 50.000 швајцарски франци за реализација на 1 до 3 проекти избрани пд страна на граѓаните на форумските сесии.


Видете следно

Ladna отсега во нова амбалажа

Природата постојано се менува, а секоја промена носи нешто ново што може да предизвика позитивен …