Во рекорден рок подготвен теренот и овозможен пристап до Клиниката за инфективни болести за брзо справување со коронавирусот (Фото)


Се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со оваа болница клиниката се штити од преоптовареност, а даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од коронавирус, информира министерот Венко Филипче.

Деновиве се спроведе вистинска акција со големи човечки напори и одлична меѓуинституционална соработка.

Со помош на Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство во рекорден рок го подготвија теренот и овозможија пристап до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за брзо справување со коронавирусот.


Видете следно

Митко Јанчев бара смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Сосема нормално е да се постави прашањето за смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време …