Во Скопје 101 санкциониран возач, 12 без возачка, седум за брзо возење


 На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12.

МВР денеска соопшти дека седум санкции се за непочитување на брзина на движење, а три за технички неисправни возила за јавен превоз.

– Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 29 за непрописно паркирани возила, се наведува во соопштението и се најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. цр/дма/

Скопје, 23 февруари 2021 (МИА)


Видете следно

ЦУК Македонски Брод: Нивото на езерото Козјак повторно е опаднато

Иако последните дваeсетина дена нивото на езеротo Козјак порасна за повеќе од два метрa, благодарение …