Во Скопје нов забавен парк со адреналински атракции


На улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“ е лоциран новиот забавен адреналински парк „Мега“. Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити. Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17:00-00:00, во петок до 01:00, сабота и недела од 10:00-01:00. Главни атракции во „Мега“ се Камикази, кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс- возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.


Видете следно

Актуелните мерки во Грција за угостителските објекти продолжени уште една седмица

Угостителските објекти во Грција уште една седмица ќе работат со ограничено работно време до полноќ, …