Во Скопје сѐ уште постојат стотици неискористени градежни маркички – Каде ќе се гради во иднина?


И покрај интензивното градење во Скопје изминатите две децении, што предизвика коментари дека градот се задушил во урбанистички хаос, сѐ уште постојат стотици неискористени градежни маркички во деталните урбанистички планови, пишува Призма.

Најголемиот број од маркичките се наоѓаат во населбите што се блиску до центарот на градот или се лесно достапни преку проширените булевари, каде што има бараки и семејни куќи.

Маркичка за хотел на осум ката стои пред Олимпискиот базен, на една од последните зелени површини во центарот по узурпацијата на парковите до плоштадот „Македонија“ и кај Старата железничка станица.

Деловни објекти од по шест ката можат да се изградат покрај булеварот „Илинден“ на целиот потег меѓу зоолошката градина и крстосницата со булеварот „8 Септември“, како и во близина на салата „Борис Трајковски“.

Процесот што е при крај во Стар Аеродром сега го зафаќа Маџир маало, каде што има вцртано над 80 маркички за седумкатници на местото на старите куќи, а десетина веќе се изградени.

И во Стар Аеродром преостанатите двокатни згради ќе се заменат со десеткатници, од кои дел ќе бидат како ѕидови покрај булеварите. Во Крњево, спроти зградата на МРТВ, има маркички за седумдесетина згради од по седум ката.

За повеќе на ПРИЗМА


Видете следно

Состанок на Подсекторската група на МЗШВ за предлог Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2019 година

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Подсекторските групи …