Breaking News

Во среда ќе се одржи конференцијата “Жени претприемачки” и ќе се прогласат победничките во изборот “Жена на годината”


Наредната среда (14.12.2022) во “Музеј на македонската борба” по петти пат ќе се одржи конференцијата “Жени претприемачки” која на едно место ќе вмрежи повеќе од 200 жени претприемачки кои ќе имаат можност за меѓусебно споделување на искуства и знаења и истовремено ќе бидат доделени статуетките на победничките во овогодинешниот избор за “Жена на годината 2022“.

 Пред присутните, свои презентации ќе имаат Ирена Јакимова која ќе зборува на темата „Личниот развој на жената претприемачка како најсилен фактор за раст на бизнисот”, Ксенија Николова на темата  „Да се биде херој значи да продолжиш да се бориш и кога не знаеш дали ќе победиш”, фитнес инструкторот Марио Јовановски ќе зборува „Зошто навистина ТРЕБА да вежбаме” а Наташа Дуковска на темата  “Интуицијата и чувственоста се наша, женска предност, и , да и двете се поврзани со претприемништво!” . Кратка презентација пред присутните насловена како „Не се стигнува лесно до успехот, но штиклите и насмевката се одличен сопатник на патот!” ќе одржи и психологот и лиценциран семеен системски психотерапевт Марија Коневска.


 Во церемонијалниот дел на настанот ќе бидат прогласени овогодинешните добитнички во изборот “Жена на годината” (http://zenanagodinata.mk/ ) во вкупно 10 категории. Изборот се одвиваше на тој начин што најпрво имаше онлајн номинација од публиката (каде учествуваа 402 граѓани), потоа се направи селекција на топ 5 кандидатки за секоја категорија (според најголем број на номинации) и на крај одлучуваше жири-комисија составена од медиуми, бизнис сектор, образовни институции и претставници од организаторот.

 Картите за конференцијата се со цена од 3000 денари, со тоа што со една купена карта, следува уште една карта гратис која може да се подари. Истите се резервираат на следниов маил: events@kasia.mk и може да се купат на фактура или со диреткна уплата на сметка 210-067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на конференција Жени претприемачки).