Во стан кај новата Железничка станица во Скопје имало инсталирано посебен компјутер поврзан со компјутер од зградата на оперативна техника во МВР


Во стан во зградата кај новата Железничка станица во Скопје, позната како „парламентарка“ имало инсталирано посебен компјутер кој бил поврзан со компјутер од зградата на оперативна техника во МВР, а тоа било направено по барање на поранешниот началник на Петатта управа, Горан Грујевски, изјави Звонко Костовски, еден од двајцата свиркачи од МВР кои ги открија „бомбите“, во неговото денешно сведочење за случајот „Таргет-Тврдина“.

Тој во кривичниот суд открива дека псевдонимот под кој се водел Зоран Заев при нелегалното прислушување бил „Зо За”

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4286 телефонски броеви.

Во овој предметот обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, но и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.



Видете следно

На Листата на должници на УЈП објавени се 1,995 должници правни лица и 2.520 физички лица

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2019 за долгови доспеани до 30.06.2019 и …