Во Старата скопска чаршија отворена „Лабораторија за урбано живеење“


Градоначалникот на Скопје Шилегов, во Старата скопска чаршија ја отвори новата „Лабораторија за урбано живеење“ во Скопје (Urban living lab).

Станува збор за нова просторија која се отвора во рамките на европскиот проект „РОК“ – Регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK).

– Враќањето на животот  во стариот дел на градот е наша стратешка определба,  и затоа посветено работиме културното наследство да го направиме достапно за сите. Активностите коишто планираме да  ги преземаме не му дадат само ново светло на наследството туку ќе овозможат да се испреплетат во него историјата и сегашноста, и да го направат автентична основа за идното културно творење на нашите сограѓани. Културното наследство, го претставуваат разни добра, наследени од генерациите пред нас или настанати во сегашноста, кои имаат специфична вредност и треба да бидат зачувани за идните генерации. Затоа, неопходно е да се одржува развојот на културното наследство, преку имплементација на соодветни методи и стратегии за валоризација, реставрација, ревитализација, конзервација и заштита – кажа градоначалникот Шилегов.

Тој се осврна на намената и активностите на оваа лабараторија и нејзиното значење за промоцијата на Старата скопска чаршија.

– Оваа Лабораторија треба да претставува центар на акции, односно процесите што ќе почнат во неа ќе обезбедат нов увид во потенцијалот и зачувувањето на културното наследство, со што ќе се создаде можност за квалитативна просторна повторна употреба, која ќе отвори работни места во креативните индустрии, истовремено ќе го ублажи влијанието врз климата и ќе овозможи демократски и фер односи – потенцираше Шилегов.

Деновиве во Скопје се одржуваат голем број на активности поврзани со проектот „РОК“, меѓу кои и второто генерално собрание на кое учествуваат 36 партнери од 13 земји, каде истите дискутираат за досегашните резултати од проектот и планот за идните активности.

Видете следно

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар се здоби со големото признание

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар, културна установа на Градот …