Во тек е аплицирање за сместување во студентските домови за бруцоши


Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16 септември 2022 година.

-Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот, кој е објавен на посочениот портал и од каде треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата, се наведува во соопштението.


Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30 септември 2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk. мд/дма/


Видете следно

Македонски научници – дел од тимот што освои прва награда на престижната меѓународна конференција Ubicomp во Англија

За време на водечката меѓународна конференција за паметни технологии и уреди – Ubicomp и ISWC …