Во третото тримесечје од 2019 година трошоците за вработените во градежништвото се повисоки за 9.1 %


Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со второто тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0.1 %, трошоците за материјали се пониски за 1.2 % и трошоците за вработените се повисоки за 2.8 %.

Во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со третото тримесечје од 2018 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.7 %, трошоците за материјали се пониски за 1.4 % и трошоците за вработените се повисоки за 9.1 %.


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …