Во Велес активно работат сите институции согласно протоколите за заштита од Ковид-19


Велес, 15 септември 2020 (МИА) – Општата болницата во Велес работи со измена во протоколите поради зголеменото пријавување и закажување прегледи со „Мој термин”. Во моментот петнаесет лица се наоѓаат на Инфективното одделение, од кои 11 се позитивни, еден е негативен, а за тројца се чекаат резултати, информира на денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски по одржаната 24 седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Тој информираше, дека од редот на вработените во велешката болница, нема заболени и во моментов нема медицински лица кои се на испомош во клиниките во Скопје

-Од претставниците на МВР-СВР, Велес, бевме известени дека Министерството врши контрола на 26 лица кои потпишале Решение за самоизолација. Во периодот од последната седница, на 27 август, до денес биле поднесени 416 прекршочни платни налози. МВР заедно со пазарната инспекција вршат контрола на угостителските објекти и не утврдиле непочитување на мерките, информира Коцевски.

Коцевски, исто така, информира дека во Центарот за доктрини и обука при велешката касарна во наредниот период ќе пристигнат 70 кандидати кои ќе бидат обучувани за професионални војници.

Информациите од Општинскиот Црвениот крст – Велес, посочи тој,  се  дека пакетите со прехранбени и хигиенски производи, донирани од маркетите „КАМ” се навремено поделени.

– Доколку се јави потреба за  распределба на хуманитарни пакети, ОО на Црвен крст – Велес располага со резерви и веднаш ќе излезе во пресрет, иннформира Коцевски.

ЈКП „Дервен” редовно врши перење и дезинфекција на улиците. Решен е проблемот со водоснабдувањето во село Караслари, а други проблеми со водоснабдување нема.

Коцевски најави дека ќе започне  изградбата на новата водоводна линија кон Речани, Трпезица и на потегот од Железен мост до населбата Весела долина.

-Забележани се непочитувања на предвидените мерки на надворешниот простор кај Малото пазарче во Нова населба и е решено да се преземат поригорозни мерки и активности од страна на МВР-СВР Велес”, истакна градоначалникот Коцевски

Воедно информира  дека е исчистена  депонијата кај реката Тополка.


Видете следно

Викендов се одржува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2020″

Ресен, 27 септември 2020 (МИА) – Во Ресен викендов се одржува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер …