Во Велес по пауза од една година повторно ќе биде положен светиот крст од Мало мовче во Вардар


Празникот Богојавление – Водици Повардарската епархијата со седиште во Велес утрово во 8:30 часот по традиција ќе го започне во црквата „Св. Вознесение Христово“ со Света златоустова литургија со која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Повардарски Агатангел, по што во 11 часот ќе се одржи голем богојавленски водосвет во дворот на храмот.

Утрово во 9 часот во црквата „Св. Кирил и Методиј “ исто така ќе има Света златоустова литургија, а во 11 часот (во дворот на храмот)


Во исто време во 9 часот Света Златоустова Литургија ќе има и во црквата „Св. вмч. Пантелејмон“ и во 11 часот голем богојавленски водосвет.

И годинава ќе има Литија од црквата „Св Спас“ до Мало Мовче каде во 11 часот Литургија ќе одржи митрополитот Повардарски Агатангел заедно со бројното свештенство и по една година пауза поради пандемијата повторно во 11,30 часот ќе биде спуштен чесниот и животворен крст во осветените води на Вардар.


Во фаќањето на крстот и годинава по традиција во осветените води на реката Вардар ќе влезат да го фатат православни верници кои за овој чин претходно ќе се пријават во Повардарската епархија.

Поради пандемијата годинава во два поставени шатори покрај Вардар од страна на Армијата, медицинска и екипи од службата на Брза помош на Здравствен дом ќе ги прегледаат и ќе им дадат дозвола за учество во манифестацијата само на тие што се здравствено добри .


Пријавувањето на кандидатите трае и утрово до 11 часот.ад/лв/

Велес,19 јануари 2022 (МИА)


Видете следно

Сончево и топло со температури до 35 степени

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална …