Во Велес промовирана збирката раскази „Муабетење со умот” од  Нада Алексоска


Во ликовниот салон во Велес попладнево беше промовирана збирката раскази „Муабетење со умот” од велешката писателка,професор во пензија Нада Алексоска, на која оваа и е трета книга раскази, а има објавено и шест-седум стихозбирки.

Промоторот Веле Алексоски во разговорот за МИА, појасни дека оваа книга раскази на авторката Нада Алексоска, се содржани  куси раскази-новели  кои се поделени во четири групи, а во нив преовладува чувството кон татковината, кон околината во која живее и семејството. Книгата завршува со малку хомор посветен на најмладите-најмилите на своие внуци.

– Книгата ја опфаќа љубовта на човекот кон својата татковина,родољубието и тие што не опкружуваат нашите блиски и соседи. Во книгата има многу метафорични моменти,како доаѓањето на ластовичките што  значи на враќањето на нашите деца и внуци кои се во странство. Нив нетрпеливо ги очекуваат нивните стари родители, баби и дедовци. Книгата ја опфаќа особено осаменоста на нашите постари жители во руралните населби бидејќи нивните деца и внуци се заминати или во поголемите градови во земјава или во странство, а говори и за испустувањето на селото, појасни Алексоски.
Тој потсетува дека за жал во нашата земја иселувањето е присутно одамна, уште од печалбарството во време на Балканските војни, па низ годините потоа, а најмногу во оваа последна деценија.

-Сите наши иселеници ќе се најдат во оваа книга со раскази, но и нивите родители и роднини кои тука во земјава ги чекаат секогаш со отворени врати, а за жал многу од нив и не ги дочекуваат, потенцира Алексоски.

Книгата како и останатите од творештвото на Нада Алексоска може да се позајми за читање од велешката Локална библиотека „Гоце Делчев”. ад/сст/

Велес, 16 октомври 2020 (МИА)

 


Видете следно

Будванските села – бисери на јадранскиот брег

    Будва отсекогаш била позната како атрактивна туристичка дестинација, која посебно во текот на …