Breaking News

Во Владата состанок со институциите за справување со корупција за забелешките од Извештајот на ЕК


Вицепремиерката за политики за добро управување, во соработка со вицепремиерот за европски прашања и евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска во Владата организира состанок со институциите со надлежност за справување со корупцијата, на кој ќе се разгледаат забелешките од Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија подготвен од Европската комисија.

Како што најавуваат од владината прес-служба, на состанокот воведни обраќања ќе имаат вицепремиерите Грковска и Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и евроамбасадорот Гир. Тој дел ќе биде отворен за јавноста, по што следува затворена сесија, на која, според агендата, ќе се дефинираат целите врз основа на Извештајот на Европската Комисија за 2022 година и динамиката на спроведување на препораките за институциите вклучени во борбата против корупцијата. фф/лв/