Во вториот квартал од 2020 во буџетот на Општина Делчево најголем прилив на средства има од наплата на даноци


Во вториот квартал од 2020 година најголема наплата и прилив на средства во буџетот, Општина Делчево има од наплатата на даноци од имот.

Презентирајќи го извештајот за вториот квартал од годината пред делчевските советници на денешната 42 седница, раководителот на одделението за финансии Шабан Багашов истакна дека притоа најголема е наплатата од даноци на имот која изнесува 4,8 милиони денари.

– При изготвувањето на анализата се гледа дека о даноци од специфични услуги општината наплатила 9,8 милион денари. Неданочните приходи се наплатени во износ од 882 илјади денари од вкупно планираните 5,3 милиони денари кои се претежно приходи од административни такси и надоместоци. Во однос на капиталните приходи тие се наплатени во износ од 2 милиони денари, од вкупно планирани 12,8 милиони денари. Се работи за приходи од продажба на земјиште, надоместок од концесии на експлоатација на минерални суровини, надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект-легализација, рече Багашов.
Тој додаде дека извршувањето на буџетот на Општина Делчево за вториот квартал од 2020 година изнесува 34 проценти.
– Од планираните 353,8 милиони денари, реализацијата изнесува 121,9 милиони денари. Од овие средства во основниот буџет од планираните 110,8 милиони денари реализирани се 42 милиони денари или 38 проценти. При анализата на основниот буџет утврдено е дека даночните приходи се наплатени во износ од 16,9 милиони денари од вкупно планирани 35,9 милиони денари, истакна Багашов.
Багаѓов потенцира дека најголем дел од реализираните капитални расходи потпаѓаат на реконструкција на улици за што се издвоени 4,4 милиони денари и изградба на капела во износ од четири милиони денари. вс/фф/

Делчево, 31 август 2020 (МИА) –


Видете следно

Владата го утврди дополнетиот ребаланс на Буџетот со амандаманите од комисиската расправа во Собранието

Скопје, 26 октомври 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна …