VOCCESS  – новата апликација која ќе ти даде насоки во твојата кариера


 

 

Здружението за професионални обуки и услуги од областа на претприемништвото –  ЦЕФЕ Македонија, заедно со уште четири експертски организации од Шпанија, Бугарија, Италија и Турција, ја создадоа својата прва онлајн алатка за кариерно профилирање и насочување на младите – апликацијата VOCCESS.

Преку апликацијата VOCCESS – младите ќе можат да ги истражуваат своите интереси, страсти, таленти, способности и вредности поврзани со нивните идни кариери. Целта е да ве води чекор по чекор кон вашата кариера и да ве насочи на патотот кон она што навистина сакате да го работите во својот живот.

До сега, таа е тестирана и користена од преку 200 млади од Бугарија, Шпанија, Турција и Италија. Во Македонија, алатката беше тестирана на онлајн работилници за кариерен развој. На нив учествуваа 60 средношколци во Кочани и Св. Николе, како и студенти на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. На тие работилници, откако младите добија претстава за нивната кариера, имаа можност и да направат план и стратегија за нивната посакувана кариера преку VOCCESS онлајн курс за кариерен развој.

Креирањето на алатката е направено преку VOCCESS методологијата. За да ги создадат тестовите, прашањата и резултатите во VOCCESS апликацијата, експертите се служеа со: архетипите на Јунг, теоријата на многуте интелигенции, НЛП и кариерни техники за коучинг и професионална кариера.

VOCCESS е веќе достапна и можете да ја превземете на Google Play за сите Android уреди, а многу наскоро и за IOS уредите. Апликацијата е преведена на 6 јазици: англиски, шпански, македонски, италијански, турски и бугарски. Со самото тоа таа е разбирлива за повеќе од 70% од советниците за кариера, наставници, родители и младите ширум светот.

Апликацијата, методологијата и онлајн курсот се бесплатно достапни за сите заинтересирани едукатори, фасилитатори, обучувачи, советувачи, професори, наставници од Макеоднија, благодарение на проектот “VOCCESS ONLINE”, кој е финансиран од Еразмус + програмата за стратешки партнерства на Европската комисија.


Видете следно

Викендов се одржува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2020″

Ресен, 27 септември 2020 (МИА) – Во Ресен викендов се одржува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер …