Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење


Скопјани пијат здрава вода за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги спроведе Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.07.2020 до 24.07.2020 зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

Оттаму потсетуваат дека Секторот за санитарна контрола е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Скопје, 27 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Станува тренер на најтрофејниот клуб во Италија: Кој е Андреа Пирло?

Андреја Пирло e роден на 19 мај 1979 и тој е поранешен италијански фудбалер-освојувач на …