Breaking News

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење


Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 24. 10.


2023 до 27. 10. 2023 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во град Скопје.


Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.

183/18), се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје. мд/са/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА