Breaking News

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна


 Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.


 Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од шести до десетти ноември 2023 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.


За анализа биле земени 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Град Скопје. мд/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА