Вoeing: 20% раст на чистата добивка


Чистата добивка на американските авиони Вoeing Co се зголемила за 20% во првиот квартал во споредба со истиот период минатата година до $ 1,1 милијарди, но прометот се намалил, пренесува економи њус.

Акциите на компанијата поскапеа за 3,2% пред почетокот на трговијата во Њујорк по објавувањето на овие резултати.

Продажбата за четвртина се намалила за 3% до $ 18,9 милијарди при прогноза за $ 18,8 милијарди.

Експертите нагласуваат дека финансиската активност на корпорацијата не е под влијание негативно од неодамнешните технички проблеми со нејзиниот Вoeing 787. Сепак поради суспензијата на летовите, опадна продажбата.



Видете следно

Пендаровски: Јас сум длабоко уверен дека само ако работиме заедно – ќе успееме!

Обраќање до јавноста на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски Почитувани граѓани, Ви се обраќам …