” Волкот од Волстрит ” освои над 170 милиони долари


Холивудската продукција “Волкот од Волстрит” на Мартин Скорсезе постигна приходи од над 170 милиони долари во светски рамки.

Филмот е создаден по истоимената автобиографска книга на брокерот Џордан Белферт. Во улога на ” волкот ” ќе го видите номинаторот за Оскар, Леонардо ди Каприо.

Повисоката возрасна граница, финансиската тематика и времетраењето на филмот кој трае цели 3 часа, не беа пречка за високата гледаност. Филмот имаше буџет од 100 милиони долари, а до моментов има добивка од 70 милиони долари.

На Белферт во вистинскиот живот досега се платени 1,045 милиони долари за правата на неговите мемоари.

Неодамна тој изјави на Facebook дека не сака да прави пари ниту од филмот, ниту од книгата, па одбрал да даде 100 % од хонорарот на жртвите во 2003 година за злоупотреба на хартии од вредност.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …