Volkswagen го купува Fiat?


Огромна зделка се поставува на автомобилскиот хоризонт. Компанијата Volkswagen, која произведува десет милиони автомобили годишно, преговара за стекнување на Fiat и Chrysler. Договорот би ја обезбедил долго време првата позиција во светот како најголем производител на автомобили.

Според информации на германското бизнис списание Manager Magazin најголемиот акционер на VW Фердинанд Пиеx води преговори со поголемите акционери во Fiat, за стекнување на компанијата. Изданието сепак наведува дека во оваа фаза има големи отстапувања за цената.

Од Volkswagen одбија да ја коментираат информацијата, но подоцна соопштија дека немаат планови за спојувања и аквизиции. „Ние се концентрираме на ефекасността на концернот”, се вели во соопштението.

Но, и покрај тоа во финансискиот свет не е тајна дека Fiat бара партнер за постигнување на амбициозните цели кои си ги постави компанијата.

Volkswagen би можел да ги обезбеди на Fiat потребните средства за инвестиции во нови модели, како и да предложи нови технологии. Покрај тоа, Германците можат да обезбедат на италијанскиот автомобилски концерн пристап до кинескиот пазар. Нешто што е многу потребно за брзината на компанијата.

Од своја страна Volkswagen се надева да добие подобри позиции на американскиот пазар, бидејќи брендот регистрира слаби продажби таму. Неслучајно брендот одлучи да формира специјална SUV за американскиот пазар, кој ќе биде во продажба од 2016 година.


Видете следно

Претседателот на Белорусија: Пијте водка и одете во сауна

Додека земјите ширум светот се под блокада во борбата против коронавирусот, претседателот на Белорусија ги …