Volkswagen повлекува автомобили од Кина


Германскиот автомобилски производител Volkswagen (VW) ќе ги повлече своите автомобили од Кина, за да го поправи проблемот настанат со делови поврзани со брзината. Компанијата беше сурово критикувана за нив од државната Кинеска централна телевизија (China Central Television), соопшти агенцијата “Ројтерс”.

Автоматскиот менувач на Volkswagen е проблем за компанијата. Таа може да ги натера автомобилите да го зголемуваат или успоруваат движењето и покрај волјата на возачот, соопшти кинеската телевизија во свое предавање.

Нивен портпарол во понеделникот објави дека компанијата ќе повлече од пазарот како автомобили, произведени во земјата, така и оние кои се увезени од други земји. Деталите за обемот на акцијата и моделите кои таа ќе вклучува, ќе бидат објавени во подоцнежна фаза, објави портпаролот.

Volkswagen, која произведува автомобили во Кина во партнерство со локалните SAIC Motor Corp и FAW Group, планира речиси двојно да го зголеми производството во земјата, односно до 4 милиони парчиња возила во следните 5 години.

Пред неколку дена компанијата соопшти дека планира да отвори нови 7 фабрики таму. Во септември минатата година, пак, од Volkswagen изјавија дека планираат да отворат фабрика за производство на менувачи во кинескиот град Тианџин.


Видете следно

АНАЛИЗА: Буџетски колач 2020 година – детали по кој основ и како ќе се трошат парите?

Повеќе пари за Претседател на државата, за Министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за надоврешни …