Вонредна временска прогноза: Еве што не очекува наредните денови


Над подрачјето на Македонија како што и самите можете да забележите некако стабилниот антициклон е некако нарушен, па токму поради сето ова денес имавме продор на облаци од северозапад кои само локално и понекаде условува да има проврнувања од дожд, но ништо посебно. Меѓутоа ниту па утрешниот ден (петок) гледано метеоролошки нема да биде ништо поразличен во однос на денешниот.

Па така утре (петок) во Македонија очекуваме да преовладува променливо облачно со наместа и сончеви периоди. Попладне само локално понекаде во одредени региони и подрачја низ земјава ќе има услови за локални врнежи од дожд а можни се и сосема ретки грмежи, но ништо особено. Дневниот температурен максимум за Македонија ќе се движи во интервал од +17 до +24 степени. Во денот (сабота) очекуваме кратка преодна стабилизација што во најголем дел од државата ќе услови да имаме стабилно и суво време, секако овој ден ќе биде топол каде дневните температури би се движеле од +19 до +26 степени, па затоа препорачувам овој ден да се искористи на најдобар можен начин, бидејќи ваквата стабилна временска состојба ќе биде од краток век.

Па затоа веќе почнувајќи од недела 12 / 5, особено во попладневните и вечерни часови се очекува подрачјето на Македонија да потпаѓа под влијание на нова, овој пат доста ИЗРАЗЕНА ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ од средоземјето што ќе придонесе во период од недела 12 / 5, па во текот на целата наредна седмица ќе ни приреди доста нестабилно време.

Во поголем дел од државата ќе услови врнежи од дожд, наместа и ПОИНТЕНЗИВНИ. Односно ќе има развој на нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Поради доток на посвеж воздух во атмосферата локално очекуваме да имаме и ПОИНТЕНЗИВНИ ПРОЦЕСИ кои би биле застапени и во форма на НЕВРЕМЕ со интензивен пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и можност за појава на град. Во вакви околности се очекува да се истури и значително количество на воден талог (од над 50 л/м2) за краток временски период а можеби и повеќе. Па затоа почитувани полека но сигурно спремајте ги чадорите, бидејќи ни доаѓа многу нестабилен и врнежлив период со доста активна атмосфера. Ние континуирано ја следиме состојбата и навремено ќе бидете известени.

Инаку од овој циклон ќе биде зафатен поголем дел од Балканот, а најкритично по се изгледа од обилните дождови ќе биде погодена територијата на Босна и Херцеговина каде се предвидени големи количини на врнежи од над 200 л/м2 воден талог што може да предизвика поплави од поголеми размери и сл.

Деталниот временски извештај го анализира и подготви: Denis Muhovi



Видете следно

Општина Кисела Вода денеска додели нови 60 ваучери за новороденчиња, 22 за женски и 38 за машки деца.

Ваучерите во висина од 6000 денари на семејствата од Кисела Вода им ги подели секретарот …