„Вози од срце” – прослава на 75 години постоење на Стопанска банка АД – Скопје со заедницата


Во своите 75 години постоење, Стопанска банка АД – Скопје е повеќе од Банка и финансиски партнер на компаниите и семејствата во Македонија. Банката е партнер на заедницата од која потекнува, со која се поврзува и за која постојано се грижи. Оттука, природно доаѓа јубилејот да биде прославен со кампања која повикува на заедничка грижа за сопственото здравје, за животната средина, за инфраструктурата во градовите и на крај за здравјето на децата.

„Вози од срце” – новата кампања со која Банката го одбележува 75годишниот јубилеј, повикува сите почесто да го користиме велосипедот како транспортно и рекреативно средство и сите извозени километри да ги „донираме” преку платформата на www.voziodsrce.mk Целта е да собереме 1 милион километри извозени од срце по што Банката ќе донира вредна медицинска опрема за Одделот за кардиологија и ревматологија при Универзитетската клиника за детски болести.

Проектот самошто започна, веќе се извозени над 40.000км и ќе трае неколку месеци, а право на учество има секој „граѓанин со срце”, односно секој оној кој го сака своето маало, својот град и својата земја, и кој се грижи таа да биде почиста и поубава а воедно се грижи и за своето и за здравјето на децата кои живеат тука.

Приклучувањето во кампањата е крајно едноставно

  1. На www.voziodsrce.mk креирате профил кој го поврзувате со постојниот Strava профил (Strava е светски најпознатата апликација за мерење на физички активности како велосипедизам и трчање)
  2. При секое возење со велосипед ја вклучувате апликацијата Strava и почнувате да ги донирате извозените километри

Возењето велосипед веќе не е само една обична секојдневна активност, тоа стана алатка преку која можете да помогнете на оние на кои им е најпотребна вашата помош.

Затоа приклучете се, дадете поддршка и помогнете да се соберат 1.000.000 км ОД СРЦЕ.

На платформата се генерира и топ листа на најзначајните придонесувачи во собирањето на километрите а Банката подготви и подароци за учесниците кои ќе постигнат 100км и 1.000км донирани преку платформата.


Видете следно

На протестите во Њујорк украдени часовници „Ролекс” во вредност од 2.3 милиони долари

Повеќе елитни локации во Њујорк настрадаа откако се увиде дека протестите против полициското самоволие се …