Возвратна посета на ЦУК на претставниците од Националниот сојуз за планинско спасување и средба со директорот Ангелов


Како резултат на средбата во јануари што Стојанче Ангелов, в. д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), ја оствари во Охрид со претставниците од Националниот сојуз за планинско спасување, се реализираше и средба во ЦУК при нивната возвратна посета во Скопје, за секогаш актуелната тема: спасување човечки животи во планина при тешки временски услови во сите годишни времиња по меѓународни стандарди во нашата држава. Воспоставениот континуитет од почетокот на годинава на овие средби е планирано да продолжи.

Конкретно, директорот Ангелов, имаше конструктивна средба во ЦУК со претставниците за Планинско спасување, од невладини структури во државата, што е во рамки на континуитет на таквите средби, за обастрано менување информации и искуства за подобрување на спасувањето во планина, особено при тешки временски услови. Присутните претставници од невладиниот сектор за Планинско спасување, особено повозрасните, коишто соработувале со Стојанче Ангелов на оваа тема за потребите на одбранбено-безбедносните структури во коишто Ангелов работел во последните неколку децени, истакнаа дека е драгоцено заедничкото искуство во поглед на алпинистичката обука на полициските и армиските структури. Исто така, тоа дава и еден правец за одредено пренесувањето на таквото искуство и во сегашната, а секако согласно современите светски текови, искуства, а и во идна нова поставеност на Системот за управување со кризи во државата.


На средбата, покрај директорот Ангелов, присуствуваа Константин Циривири од Здружение за заштита и спасување од Скопје (АСКПЕЧЈ Скопје), Мартин Пејоски од Планинска спасителна служба при Црвен крст Охрид (ПСС при ЦК Охрид) и Антонио Додевски – претседател на Националниот сојуз на планинско спасување (НСПС). Оваа средба (одржана на 13.04.2021) е дел од континуитет такви средби коишто се остваруваат во периодов откако Ангелов е поставен како прв човек на ЦУК.

Инаку, да потсетиме, неодамна Ангелов, во функција на в.д. директор на ЦУК, се сретна лично со планинските спасители во Охрид, непосредно и со нивните обучени луѓе – спасувачи, а и се запозна со нивната современа опрема за спасување во планина. Пред неколку месеци, на почетокот на годината, ги посети за време на нивната промоција на нова опрема и возила за спасување во планински тешки услови во сите годишни времиња. Тоа, како настан, се реализирање на крајот на јануари годинава. Конкретно, на 27.01.2021 година в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, присуствувше на изложбена промоција во Охрид на донација во специјализирана опрема и возила на Европската Унија за барање и спасување настрадани на тешко пристапни терени во зимски услови. Тој директно се запозна со техничките можности на опремата и возилата, заедно со сите присутни на настанот, при што беа разменети можности и искуства коишто се дел од современото управување, а и справување со ризични ситуации за спасување животи во планина при тешки временски услови во сите годишни времиња по меѓународни стандарди во нашата држава. Тој настан и промоција е пример и за можно решение и за другите општините – локални самоуправи како да се екипираат ресурси во техника, возила и луѓе – спасители преку меѓународни ЕУ проекти за планинско спасување при тешки временски услови во сите годишни времиња во нашата држава, а и по меѓународни стандарди.


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …