Breaking News

Вработен во „Макстил“ загинал на работното место


Вработен во „Макстил“ утрото загинал на работното место, соопшти компанијата. Почната е истрага за причините за несреќата.


– Денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на „Макстил“ каде животот го загуби наш вработен.


  Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата, соопшти „Макстил“.

Од компанијата наведуваат и дека ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси за помош во истрагата за откривање на причините за несреќата.


– Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега, се додава во соопштението од компанијата. хс/сп/  Фото: МИА архива .

Извор: МИА