Врачување договори на одобрените апликанти од Центарот за вработување-Тетово


Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати денеска ќе ги врачат договорите на одобрените апликанти од Центарот за вработување-Тетово, за учество во мерките „Субвенционирање на плати” и „Вработување и раст на правни субјекти”.

Овие две мерки се дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година и се во насока на поддршка за креирање на нови работни места за невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. ир/мд/



Видете следно

Во вториот квартал осум претставки од корисници на поштенски услуги

До Агенцијата за пошти во вториот квартал годинава се доставени осум претставки од корисници на …