Вредноста на увезената стока поголема за 11.7 %


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 227 623 250 илјади денари и бележи пораст од 14.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 302 182 122 илјади денари што е за 11.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 74 558 872 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2018, изнесува 75.3 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-август 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Обем на размената, 01-08 2018

Покриеност на увозот со извоз

529 805 372 илјади денари

75.3 %

8 611 867 илјади евра

75.3 %

10 314 611 илјади САД долари

75.2 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 3 699 926 илјади евра, и бележи пораст од 14.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 911 941 илјади евра што е за 11.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 1 212 015 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 4 428 642 илјади САД долари и бележи пораст од 24.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 885 969 илјади САД долари што е за 21.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 1.457.327 илјади САД долари.


Видете следно

Украина позајмува 5,5 милијарди американски долари од ММФ

Меѓународниот монетарен фонд објави дека постигнал принципиелен договор со Украина за заем од 5,5 милијарди …