Времено ќе се затвори преминот Неготино поради работи на пругата Велес-Гевгелија


Времено ќе биде затворен патниот премин Неготино, поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино.
воз


Стојанов додаде дека во рамки на овој ремонт, се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино. Појасни дека за непречено извршување на градежните работи, потребно е целосно затворање на три патни премини.


– Патен премин на км.548+687 (Криволак), почеток на 28 март во 9.20 часот и крај на 29 март во 17.20 часот. Патен премин на км.537+114 (Кукуричани – влез во станица Кукуричани, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија), почеток на 29 март во 9.20 часот и крај на 30 март во 17.20 часот. Патен премин на км.536+301 (Кукуричани – 813м пред патен премин на км.537+114, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија ), почеток 30 март во 9.20 часот и крај на 31 март во 17.20 часот, информираше Стојанов, истакнувајќи дека информацијата се однесува на локалното население и претпријатијата, што ги користат овие патни премини. свд/лв/

Неготино, 26 март 2023 (МИА)