Врнежи од снег на неколку патни правци низ државата


Врнежи од снег кој не се задржува на коловозот утринава има на Крива Паланка, Страцин, Куманово, Павлешенци, Преод, Струга, Охрид, Ресен, Крушево и на планиските премини Буково, Ѓавато и Железнец.


На граничните премини од македонска страна, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/сп/


Скопје, 4 февруари 2023 (МИА)