Втор ден од конференцијата „Вештачка интелигенција – предизвици и можности за медиумите и демократијата“


Министри, други претставници на земјите-членки на Советот на Европа и пошироко, денеска се очекува да усвојат финална декларација и четири резолуции што се однесуваат конференција на тема „Вештачка интелигенција – предизвици и можности за медиумите и демократијата”, која почна вчера соопштија од Министерство за информатичко општество.

Ова конференцијата е форум за министрите да разговараат и да се согласат за активностите што треба да се преземат за справување со влијанијата на дигиталните технологии врз слободата на изразување, промена на медиумското опкружување и неговото влијание врз демократските процеси, како и да се обезбеди одржливост и заштита на слободата на изразување во време на криза.


Министерството за информатичко општество и администрација, во наредниот период ќе ја разгледа потребата од релевантни законски измени со цел нашата земја да биде во чекор со најновите случувања и предизвици од онлајн димензијата на слободата на медиумите. оџ/сп/

Скопје, 11 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

Мал број заразени со коронавирус, учениците да се вратат во училиштата

Здравствените власти во земјава сметаат дека учениците можат да се вратат во училиштата од септември, …