Втор уписен рок за студенти бруцоши на УКЛО-Битола


На сите универзитетски единици при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола денеска и утре ќе се реализира дополнителен, втор уписен рок за студенти бруцоши.

Од УКЛО-Битола информираат дека за студирање во прва година огласени се 1.808 слободни места, од нив 723 во т.н. државна квота, 680 во приватна квота и 405 места за вонредни студенти.


На Педагошкиот факултет во Битола слободни се 152 места, на ФИКТ 142, на Факултетот за Биотехнички науки 95, на Ветеринарниот факултет слободни се 37, а на Високата медицинска школа може да се запишат уште 134 студенти.

Најмногу слободни места има на Правен факултет-Кичево, вкупно 300 и на Техничкиот факултет во Битола, вкупно 299 места. Слободни места има и на другите универзитетски единици чии седишта се во Охрид, Прилеп, Велес и во Скопје.мт/са/



Видете следно

Македонски научници – дел од тимот што освои прва награда на престижната меѓународна конференција Ubicomp во Англија

За време на водечката меѓународна конференција за паметни технологии и уреди – Ubicomp и ISWC …