Втора регионална конференција за осигурување


Потврдена потребата од ефикасен систем за осигурување од природни катастрофи и временски непогоди

Катастрофалните поплави кои годинава ги погодија земјите од регионот и предизвикаа огромни штети, уште еднаш ја потврдија потребата од постоење на функционален систем за осигурување од природни катастрофи и временски непогоди, како единствен ефикасен одговор на предизвиците што ги носи природата и климатските промени. Ова е еден од главните заклучоци на втората регионална конференција за осигурување „Нова генерација решенија во областа на осигурувањето“, која вчера (02.10.2014) се одржа во Белград, Република Србија, во организација на Европа Ре – специјализирана компанија за реосигурување од природни катастрофи.

За изложеноста на ризиците од природни катастрофи и климатски промени, како и за последиците што тие можат да ги имаат врз имотот на луѓето, инфраструктурата, бизнис секторот и земјоделството, дискутираа претставниците на официјалните државни институции и на приватниот сектор на Македонија, Србија и Албанија, како и од Светската Банка, Европската Унија, Обединетите нации, Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и Глобалната мрежа за животна средина – кои како глобални организации силно го подржуваат воспоставувањето на новaта пазарна инфраструктура за осигурување од ризици од природни катастрофи и временски непогоди која веќе почна да функционира во трите земји – Македонија, Србија и Албанија, а е подржана од компанијата Европа Ре.

Hajnc Folenvajder_Glaven izvrshen direktor na Europa Re_FOTO
Во рамки на конференцијата, учествуваа и официјални претставници на институциите од Македонија. Државната советничка во Министерството за финансии на Македонија, Виолета Стојановска Петровска говореше за ризиците од природни катастрофи, како што се поплави и земјотреси, на кои е изложена нашата земја, како и за ефектите од климатски промени врз македонската економија, а Претседателот на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето – Климе Попски се осврна на придобивките што ги очекува земјата од функционирањето на Европа Ре програмата, која на македонскиот пазар веќе ја претстави новата полиса за осигурување од земјотрес, како и новото иновативно индексирано осигурување во земјоделството.

„Нашата главна цел е да им помогнеме на граѓаните, на малите и средни претпријатија, на земјоделците и на земјите да обезбедат долгорочна финансиска стабилност и гаранција за својот имот, својот бизнис и својата иднина од реалните ризици од природни непогоди, кои можат да се случат секаде, во секој момент и можат да го погодат секого“, нагласи во своето обраќање пред присутните на конференцијата, Хајнц Фоленвајдер, главен извршен директор на Европа Ре, потенцирајќи дека „основна задача на Европа Ре е да им помогне на земјите од регионот во градењето и функционирањето на долгорочно одржлив систем за реосигурување од природни катастрофи“.

Инаку, Европа Ре е уникатен и пред сѐ функционален модел на партнерство меѓу државите од регионот, глобалните институции и приватниот сектор. Нејзини основачи и главни акционери се Владите на Македонија, Србија и Албанија. Компанијата е со седиште во Швајцарија и функционира според најстрогите швајцарски стандарди во осигурителниот бизнис.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …