Второ издание на Скопски градски фестивал


Второто издание на Скопскиот Градски Фестивал ќе се одржи денеска во Домот на Армијата, во организација на Баги Комуникации.

Второто издание на Скопски Градски Фестивал донесува возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите балкански и европски музичари.


Zulu 3.4 – најдобрата македонска fusion група, составена од извонредни музичари, ќе го промовира својот нов албум насловен „Fragments„.

Атанасовски Хаџиманов Дуо – Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано.


Thanos Stavridis & drom – Thanos Stavridis е водечкиот Грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника, лидер на групата “drom” составена од исклучителни грчки музичари. Тој ќе го промовира својот нов албум “Spicey Margarita”, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

Медиумски партнер Слободен Печат.


Видете следно

Почна украсувањето на Охрид за новогодишните и божикните празници

Во централното градско подрачје и на пофреквентните улици и крстосници на Охрид почна украсувањето со …